Autor: Borče Grozdanov
Datum objave: 14.04.2012
Share
Komentari:


Svi imamo svoje Glembajeve

i glembajevštinu

ТЕАТАРСКИ ОСВРТ


Сите си имаме свои Глембаев(ск)и


Распродажба на блуд, ниски страсти, пеплосани спомени, што како никогаш ненајадени мршојади кружат врз вистината, а таа е болна, гадна, гладна, убиствена... Се случувала некогаш и некаде, секогаш и секаде, сега, тука и овде... Квазиграндиозноста на убиствените мозоци, на империјата Глембаеви е сеприсутно... Среброљубието е само одраз на искривеното огледало на самољубието и моќта. Неизнајдената маска, која упорно се наметнува врз болката на изгубениот, глупав, немоќен, неук син, за кого таткото е само човечка вреќа пари... И како што обично бива во овие наши балкански приказни, не може и не смее да се заврши на добро. Колку и е да е целата приказна зрела, макар и искарикирана за среќен крај или светски кажано хепи-енд, нема место! Тој тука, сега, овде, па ни во Драмскиот не беше присутен, иако шоуто продолжи...

Во светот на нашите Глембаеви мошне умешно и вешто со голема гротескна филозофија, црн хумор, но и сенс за трилер ситуација и драма, не внесе одличниот Венко Андоновски, кој уште еднаш се потврди како врвен мајстор на нашата (и не само наша) драматика...

Дескрипцијата на словото на Андоновски овојпат од Дејан Пројковски херметички не затвора во сјајот и бедата на азното, отсјајот на плексигласот, Големиот портрет на мајката, но во исто време и на дијамантскиот лустер, кој за изгубените души е сонцето... Обемното писмо на Андоновски преку Господа Глембаевски преточено во "Генетика на кучињата", ефектно, понекогаш и намерно подавајќи си со суетите до болка ни нуди поетична, но потресна приказна за потрагата кој сме, што сме, од каде сме, до каде сме...

Актерскиот тим на Генетиката... го има столбот Драган Спасов Дац, кој е одличен при внатрешно емотивните турбуленции, но и здравоста на психодраматичната состојба на Игнат... во својата прецизност и точност, иако креира многу психички кршлив лик, од лудило до пијанство, од дрога до разум, составен од алузии и илузии на (не)логика, исто така одлична беше и Билјана Беличанец Алексиќ како Сара... Нивна поддршка е бездруго Леоне или Дејан Лилиќ, кој исто така умешно "жонглира" со емотивната состојба на својот лик, градејќи една сублиматна целина, притоа користејќи ги сите негови веќе добро познати регистри на актерска моќ... Сличното важи и за Јелена Жугиќ, особено при вербалниот дискурс и алчната логика на Ренате, која вешто користејќи ги досегашните искуства гради еден приемчив лик. Би биле неправедни ако не го споменеме Роберт Вељановски, кој го играше на сцена својот истоименик многу концизно и точно, не расфрлајќи се со гестикулации и одвишни вербални амплитуди... Својот лик од надменост до глупост со помалку или повеќе изнијансирана, но не и канализирана енергија го гради младиот Филип Трајковиќ, играјќи го Максим. Пречесниот на Рубенс Муратовски беше фино дозиран, особено сликајќи ги перфидните умствени перформанси... На целосната актерска градба се придодава гротескно карикираниот лик на Петер Милер, што без поголем напор го гради Зоран Љутков... Тука е придодадено искуството на Крсте Јовановски и Гордана Ендровска, чии ликови (Алберт и Слугинката) оставаат зрел актерски печат, како и впечатливите "епизоди" на Темјан или Игор Ангелов, како предводник (како веќе дипломиран) на оние кои доаѓаат Никола Ацески (Славен), Драгана Левенска (Евушка) и Жарко Димовски (полицаец, болничар).

Веќе препознатливиот ракопис на Пројковски на сцената го реализира Владо Ѓорески Рафик, дополнет со музичките премини и нијанси од Горан Трајковски, со верно и успешно презентираните костими на Благој Мицевски.

Борче Грозданов
1040
Kategorije: Kazalište
Nek se čuje i Vaš glas
Vaše ime:
Vaša poruka:
Developed by LELOO. All rights reserved.